Силна експлозија предизвика голем пожар и уништи цевка од гасовод кој носеше природен гас до Европа.
Експлозијата се случила во Чувашка Република на неколку стотици километри од Москва.
Во инцидентот загинале најмалку три лица, а уште едно било повредено, сите вработени во одржување на гасоводот.
Властите информираат дека во периодот кога се случил инцидентот се вршеле работи за одржување на каналот за снабдување.
Локалните жители изјавиле дека температурите во близина на местото на настанот биле толку високи што тие не можеле да се приближат до своите домови.
