Вести Најважни Свет

Десетти ден на барикадите на Косово, учениците се вратија во клупите, КФОР најави воена вежба

Србите на северот на Косово и Метохија влегоа во десеттиот ден од протестите поради апсењето на сонародниците и присуството на косовската полиција на северот на покраината. Тие сè уште се на барикадите во општиниte Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Затворени се и премините Јариње и Брњак, под контрола на косовската полиција.

Од денеска, основците се враќаат на училиште, додека средношколците наставата ќе ја продолжат онлајн.

КФОР соопшти дека го зголемил присуството на административниот премин Јариње од превентивни безбедносни причини. Според КФОР, зголемената безбедност е поради можното присуство на организирани криминални групи меѓу демонстрантите.

Мисијата на КФОР најави дека во наредните денови ќе спроведе редовна воена вежба во близина на својата база во Нови Село.

Вежбата има за цел да ги обучи единиците на КФОР за гарантирање на слободата на движење во кризна ситуација и ќе се состои од серија тактички симулации и логистички активности со ангажман на воени конвои со инженерско-тешки возила и хеликоптери.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Регистрирани 12 пожари во Македонија, активен е само еден

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе