Вести Најважни Свет

(Видео) Голем пожар во Лион: Најмалку 10 загинати луѓе, меѓу кои пет се деца, голем број на повредени

Најмалку 10 лица загинаа, меѓу кои најмалку пет деца, во голем пожар што избувна утрово во станбена зграда во близина на францускиот град Лион. Медиумите јавуваат за голем број на повредени лица од кои четири се наоѓаат во критична состојба. Меѓу поврeдените се и двајца пожарникари.

Локалните власти соопштија дека причините за пожарот се непознати, а на лице место се 170 пожарникари, пренесува „Ројтерс“.

Пожарот изби во раните утрински часови во една седумкатница, а околу местото на пожарот е поставен безбедносен кордон, се додава во соопштението.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вештачката интелигенција може да детектира депресија

Дејан Дејан

Почина 13-годишно момче од Битола, причини за смртта сè уште непознати

Дејан Дејан

Кина и Камбоџа се подготвуваат за заеднички воени вежби

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе