Вести Македонија Најважни

Повеќе од 7 часа МЖ Транспорт беше во мрак – по добиените владини гаранции, ЕВН ја вклучи струјата

Неколку  часа МЖ Транспорт беше без електрична енергија. Рано утринава  ЕВН го исклучи снабдувањето на одредени точки, поради неплатен долг од над 6,5 милиони евра.

Возовите редовно сообраќаа, но без напојување останаа депото во Лисиче, Скопје и објекти во Велес.

Струјата беше вклучена откако на адреса на ЕВН пристигнаа гаранциите од Владата, дека милионскиот долг ќе се подмири.

Сега ЕВН ги чека парите кои државата  ќе ги обезбеди со пренамена на средства од други ставки во буџетот. Вицепремиерот Битиќи е изненаден од потегот на ЕВН. Смета дека дадениот збор од Владата дека ќе се плати долгот бил доволен да нема исклучувања.

По железница на листата за исклучување беше и Клинички, кој пак за струја  должи околу  7 милиони евра. Тука влегуваат и фактури од ГОБ 8 Септември. Струјата не се плаќала повеќе од три години.

Премиерот тврди,  по дадените гаранции, Клинички нема да  остане без струја. Владата веќе изврши прераспределба на пари во буџетот за покривање на долгот на сите државни институции, но тие треба да го поминат собранискиот филтер. Некои од директорите кои не плаќале за струја добиле откази, за кои станува збор, Ковачевски не откри.

Известување за исклучување од ЕВН добија и  затворите, факултетите, студенските домови, судовите.

Тие до 22-ри декември треба да го решат проблемот со долгот за струјата.  Долгот на државните и јавни институции за електрична енергија е околу 40 милиони евра и претставува сериозна закана за функционирањето на енергетскиот сектор во услови на најголемата енергетска криза.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Препораки за безбедно учество во сообраќајот во пресрет на летната туристичка сезона

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе