Вести Македонија Топ вести

Случај Арачиново: За МВР сообраќаен прекршок, за опозицијата добро позната криминална банда

МВР и внатрешната контрола го истражиле случајот во Арачиново и заклучиле дека полицајците не биле жртви на вооружена група која ги  протерала туку прекршители на процедурите.

За тројцата полицајци е покрената дисциплинска постапка затоа што не презеле мерки против малолетник од сарај којвозел без возачка дозвола.

17 годишникот заедно со родителот биле денеска повикани во полициска станица и добиле казни за сторен сообраќаен прекршок

„Ја известуваме јавноста дека комплетна дезинформација се објавите дека полициски службеници биле нападнати во општина Арачиново. Од извршените проверки е утврдено дека на 30.11.2022 тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив“ – тврдат од МВР.

Случахот Арачиново според опозициската ВМРО – ДПМНЕ е дивеење на криминална банда.

Лидерот Христијан Мицкоски вели сите знаат кои се но не се фатени затоа што врвот на МВР  е соработник со оваа криминална нарко банда.

„Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кој возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија. Зошто не ги уапсат? Еве оставаме државата односно министерството да си го заврши она за што е надлежно, ние не сме ниту министерство за внатрешни работи, ниту судии, ниту обвинители“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски најави и интерпелација за министерот Спасовски во наредниот период.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даниела Димовска останува  на чело на Кривичен суд

Дејан Дејан

Поднесено обвинение за „Еуростандард банка“ – Трифун Костовски и неговиот син Коста меѓу обвинетите

Дејан Дејан

За врсничкото насилство кое ја згрози јавноста ќе одговораат четири девојчиња и момчиња по Законот за малолетничка правда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе