МВР и внатрешната контрола го истражиле случајот во Арачиново и заклучиле дека полицајците не биле жртви на вооружена група која ги протерала туку прекршители на процедурите.
За тројцата полицајци е покрената дисциплинска постапка затоа што не презеле мерки против малолетник од сарај којвозел без возачка дозвола.
17 годишникот заедно со родителот биле денеска повикани во полициска станица и добиле казни за сторен сообраќаен прекршок
„Ја известуваме јавноста дека комплетна дезинформација се објавите дека полициски службеници биле нападнати во општина Арачиново. Од извршените проверки е утврдено дека на 30.11.2022 тројца полициски службеници запреле возило „фолксваген“, управувано од малолетник, но не ги презеле потребните службени дејства, за што против нив се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка, а во извршените службени разговори тројцата полициски службеници негираат дека било кој им се заканувал или вршел притисок врз нив“ – тврдат од МВР.
Случахот Арачиново според опозициската ВМРО – ДПМНЕ е дивеење на криминална банда.
Лидерот Христијан Мицкоски вели сите знаат кои се но не се фатени затоа што врвот на МВР е соработник со оваа криминална нарко банда.
„Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кој возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија. Зошто не ги уапсат? Еве оставаме државата односно министерството да си го заврши она за што е надлежно, ние не сме ниту министерство за внатрешни работи, ниту судии, ниту обвинители“ – вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски најави и интерпелација за министерот Спасовски во наредниот период.
Елена Ивановска Мукоска
