Вести Македонија Најважни

Скопје петти ден во сообраќаен хаос – приватните автобуси на протест пред ЈСП, раскопаните улици и натаму опасност за возилата

Петти ден приватните превозници не сообраќаат поради неисплатениот долг на Јавното сообраќајно претпријатие кон нив, а денеска ќе одржат и мирен протест пред централата на ЈСП, а потоа ќе остварат средба со сите советнички групи на Советот на Град Скопје за изнаоѓање решение на проблемите со кои се соочуваат.

Тие вчера беа обвинети од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска дека од 2017 година наплаќале билети и парите не ги пријавувале, а фактурирале по 400 илјади евра од ЈСП секој месец. Во демант на таквите обвинувања превозниците порачаа дека воопшто не се вклучени во наплатата на билети.

„Слобода превоз“ од воведување на системот, но и никогаш претходно, не продавала билети за превоз. За набавка, продажба и парите од билетите исклучиво е надлежно Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП). Ниту еден приватен превозник не продава билети во своите автобуси, нагласи директорот на „Слобода превоз“, Ленин Јовановски демантирајќи ја градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.

Тој потенцираше дека немаат никаков допир со наплата на билети и оти целата продажна мрежа се одвива преку пунктови коишто ги има определено ЈСП.

Имено, пред пет дена беше соопштено дека автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“ односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата, а потоа беа исклучени и приградските линии 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73.

Откако приватните превозници соопштија дека нема да сообраќаат, одржаа и средба со претставници на Град Скопје, но немаше позитивен исход.

Телма синоќа јави дека откако приватните превозници најавија дека денеска своите возила ќе ги паркираат пред централата на ЈСП, јавното претпријатие своите автобуси чии линии тргнуваат од централата во Автокоманда ги префрли во Транспортниот центар под Железничка.

Во меѓувреме, не се санираат раскопаните улици низ градот.

Градежните активности среде бел ден во центарот на Скопје, ги претворија улиците во минско поле, не се безнедни ниту за возилата, ниту за пешаците. Наместо да го вклучат алармот и итно да најдат решение, градските власти се во отворена војна со јавните претпријатија и во постојано доокажување кој е виновен за градскиот хаос.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе