Вести Македонија Топ вести

Скопје има градски превоз, но има и црвена ЈСП блокада пред влада

Пред владата на улицата Илинденска и утрово има паркирани автобуси на ЈСП Скопје. Сообраќајот е затворен пред владата на правците од мостот Гоце Делев и од булеварот ВМРО. Нема информации за траењето на блокадата.

15-те автобуси, според зборовите на првиот човек на синдикатот на ЈСП, се паркирани пред владата по налог на градоначалничката Данела Арсовска за да се предупредат министрите дека имаат долг иако владата негираше дека должи пари на скопското сообраќајно јавно претпријатие.

Останатите автобуси на ЈСП се вратија на улиците низ главниот град, откако градскиот совет на Скопје пренамени средства од буџетот за плата за вработените во ЈСП.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка

Дејан Дејан

Вучиќ најави дека утре ќе отпатува во Њујорк за да се спротивстави на усвојувањето на резолуцијата за Сребреница

Дејан Дејан

Нетанјаху го обвини Ганц дека „му дал ултиматум на премиерот, наместо на Хамас”

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе