Наскоро граѓаните нема ниту да слушнат дека им е отруена водата – следува медиумскиот мрак, пишува во соопштението на СДСМ. Според опозицијата додека илјадници граѓани во Гостивар се трујат, а водата сè уште не е безбедна ниту за техничка употреба, Мицкоски и организираната криминална група ВМРО го завршуваат вториот дел од операцијата – целосна контрола на медиумите.
- Веќе 40 проценти од медиумскиот простор е дел од Орбановата мрежа под контрола на ВМРО. Сега влегуваат Евроњуз и Ало групата на Вучиќ. Врз многу од преостанатите независни медиуми се врши силен финансиски и уреднички притисок. Тандемот Латас – Ивона Талевска е задолжен да го изгаси медиумското светло во име и за сметка на Мицкоски. Алта банка е финансиската поткрепа на целиот проект. Кога ќе се комплетира оваа мрежа, граѓаните повеќе нема ниту да слушнат дека им е отруена водата за пиење. Нема да слушнат дека црвените светла се запалиле. Нема да слушнат дека никој не превзел одговорност. Тоа е целта, се вели во партиското соопштение.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
