Вести Македонија Топ вести

Родот во струмичките села уништен по силното невреме – најмногу настрадаа лубениците

Силно невреме проследено со пороен дожд и град вчера попладне предизвика големи штети врз земјоделските површини во струмичкиот регион. Според првичните информации од терен, градот за само неколку минути ги оштетил насадите, а силниот дожд дополнително ги поплавил нивите.

Силното невреме ги погоди посевите на потегот од селата Банско, Колешино, Бориево и Муртино. Најмногу штета има на посевите на отворено, особено на бостанот.

Земјоделците велат дека штетите се значителни и стравуваат дека дел од родот е целосно уништен, што ќе предизвика сериозни финансиски загуби. Тие очекуваат надлежните институции во наредните денови да излезат на терен и да извршат проценка на последиците од невремето.

„Градот најмалку 20 минути траеше, голем колку џамлии“, вели еден земјоделец.

„Нема ниту еден лист, а без лист нема род“, вели друг земјоделец

Повеќе информации за обемот на штетите и евентуалните мерки ќе бидат познати по официјалниот увид на надлежните институции.

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ѓорѓиевски со апел до граѓаните: Ако има потреба од отштета, обратете се до Град Скопје, ќе помогнеме

Sasko Dimovski

Калимеро опоменува дека нема правда за Македонија и за нејзините граѓани

Дејан Дејан

Кузеска: Поплава со фекалии и страв од радијација на Онкологија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе