Вести Македонија

ДЗР: Слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година

Слабости во управувањето со залихите, јавните набавки и наплатата на побарувањата, како и значителна оптовареност констатирал ДЗР на Клиниката  за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година поради големиот број итни прегледи.

Според извештајот, не е воспоставено ажурно и навремено евидентирање на потрошувачката на лекови и медицински материјали во сметководствената и материјалната евиденција, а дел од нив биле набавувани пред склучување на договор за да се обезбеди непречено вршење на здравствената дејност.

Ревизорите утврдиле и дека во рамки на Клиниката не е формирана болничка аптека, преку која треба да се врши управувањето со залихите.

Во извештајот се посочува и несоодветна примена на Законот за јавните набавки во дел од спроведените постапки за јавни набавки.

Ревизијата утврдила дека дел од побарувањата се постари од три години, при што постои неизвесност за нивната идна наплата. Констатирана е и разлика помеѓу пресметаната и наплатената партиципација за извршените здравствени услуги на здравствените осигуреници.

Според извештајот, 66 проценти од вкупниот број реализирани прегледи биле извршени преку итни упати или упати без термин, што укажува на значително отстапување од планираниот начин на користење на системот „Мој термин“.

– Ваквата структура на упатувања укажува на зголемено оптоварување на Клиниката, што може да влијае врз ефикасноста на планирањето и организацијата на работниот процес, оптималното користење на расположливите капацитети и достапноста на здравствените услуги за пациентите – се наведува во извештајот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

ЦГК: Избледени и необлежани пешачки премини ризик за безбедноста

Дејан Дејан

Аеродромите бараат од Фон дер Лајен летно укинување на биометриските контроли – авионите полетуваат полупразни, патници чекаат во редици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе