Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на Фејсбук објави дека го номинира градоначалниот на Општина Центар Горан Герасимовски за нов потпретседател на партијата.
- Горан е човек кој со силна, посветена и одговорна работа ја заслужи довербата на граѓаните на општина Центар. Победата и освоениот втор мандат како градоначалник се најдобра потврда дека резултатите, блискоста со луѓето и искрената работа секогаш се препознаваат. Убеден сум дека Горан, со своето искуство, работа и искрена желба, ќе внесе нов импулс, ќе ги обедини сите наши капацитети против криминалната власт и ќе даде придонес во градењето на уште посилен СДСМ, пишува Филипче.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
