Вести Македонија Топ вести

Кузеска: Поплава со фекалии и страв од радијација на Онкологија

„Алармираме за една исклучително сериозна ситуација која претставува директна закана по здравјето и безбедноста на пациентите и медицинскиот персонал. После невремето во Скопје поплавена е Клиниката за онкологија, исклучени се апаратите за радиотерапија. Протекла вода и во просториите каде се прима терапија со радиоактивен јод“, објави на денешната прес-конференција Богданка Кузеска, портпарол на СДСМ.

Според неа ова значи дека најранливата категорија на пациенти е изложена на двоен, стравотен ризик.

  • Радијациски ризик, поради протекување на вода во просторијата каде што се прима терапија со радиоактивен јод. И биолошки ризик од протекување на септичка, фекална вода низ клиниката. Информациите со кои располагаме говорат дека единствениот изолиран бункер со оловни ѕидови е целосно поплавен, а друга таква алтернативна просторија на Клиниката – нема, рече таа.

Имајќи предвид дека радиоактивниот јод има полуживот од околу 8 дена, СДСМ јавно прашува и бараме итни одговори од менаџментот на Клиниката за онкологија и од Дирекцијата за радијациона заштита: Дали е реагирано навреме во оваа кризна ситуација или се дозволи хаосот да ги загрози човечките животи? Каде се физички сместени во овој момент пациентите кои веќе примиле јодна терапија? Ако единствениот безбеден бункер е поплавен, дали овие пациенти се наоѓаат меѓу други луѓе? Дали постои контаминација со радиоактивен јод надвор од предвидените зони? Дали е направена итна и темелна деконтаминација на просториите каде што престојувале овие пациенти по избивањето на поплавата? Конечно, дали е загрозена безбедноста на целокупниот персонал и на стотиците пациенти кои денес транзитираат низ ходниците на Клиниката?

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

За малолетничките кои тепаа и се изживуваа врз девојче во Аеродром и за нивните родители ќе има кривични пријави за насилство и запуштање на дете

Sonja Petrusevska

„Еуроњуз“: ЕУ ќе ги пренамени средствата за земјите од Западен Балкан со најмногу реформи-меѓу нив е и Македонија

Kristina Kuzmanovski

Апасиев кон Мицкоски: На лидерската средба се разговараше за една изборна единица, а не за електронско гласање на дијаспората

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе