Вести Македонија Топ вести

ЦГК: Избледени и необлежани пешачки премини ризик за безбедноста

Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за општинските тендери за бележење на пешачките премини. Истражувањето покажува дека:

  • Непостоечките и избледените пешачки премини, кои секојдневно ја загрозуваат безбедноста на граѓаните, во голема мера се поврзани со начинот на којшто општините ги спроведуваат тендерите за нивно обележување.
  • Истражувањето открива дека за повеќе од половина од локалните самоуправи, конкретно за 46 од 81, во електронскиот систем нема ниту еден тендер за хоризонтална сигнализација во периодот од 2023 до 2025 година.
  • Помали општини, имале тендер секоја година во анализираниот период, наспроти општини со значително повеќе население и сообраќај, кои бележеле само еднаш или двапати во истите три години.
  • Само дел од општините дефинираат конкретни стандарди и карактеристики на бојата, додека во голем број општини техничката спецификација е сведена само на два збора, „боја за патишта“, без никакви мерливи критериуми за квалитетот.
  • Без минимални технички барања за бојата, нема механизам за проверка колку време ќе трае набавената боја – а јавните пари се трошат без очекуваниот ефект.
  • Анализата на единечните цени открива ценовни разлики и до 4 пати. Бојата е купувана од 132 до 296 денари за 1 килограм, додека пак цените за услугите за бележење со бела боја и стаклен перлит се движат од 281 до 802 денари за м2.

До целото истражување можете да пристапите преку следниот линк.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Филипче: Горан Герасимовски го номинирам за нов потпретседател, СДСМ се зајакнува

Дејан Дејан

ДЗР: Слабости во управувањето и јавните набавки на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија за 2024 година

Kristina Kuzmanovski

Аеродромите бараат од Фон дер Лајен летно укинување на биометриските контроли – авионите полетуваат полупразни, патници чекаат во редици

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе