Вести Македонија Најважни

Обезбедувањето на Мицкоски кој ја давеше сопругата пред малолетната ќерка доби условна казна

Условна за обезбедувачот на премиерот кој ја тепаше и давеше сопругата пред малолетната ќерка – признал вина

Обезбедувачот на премиерот, Раде Ристовски обвинет за семејно насилство врз сопругата доби условна казна од 1 и пол година затвор која нема да ја издржи доколку во наредните три години не стори ново кривично дело. Ваква пресуда донел криивчниот суд суд откако обвинетиот  признал вина.  Обвинителството го гони за кривчно дело телесна повреда при семјно насилство за кое е предвидена казна затвор од шест месеци до 3 годиини.

Според обвинителниот предлог по караница во нивниот семеен дом обезбедувачот физички ја нападнал сопругата, ја удирал по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност .  Жртвата успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом. Ристовски доби и 8 дневен притвор.

Обвинетиот полицаец од шестата управа за сега не оди на работа

Лицето за кое прашувате во моментов има статус на мирување на работниот однос во Министерството за внатрешни работи, велат од МВР.

Откако беше објавен случајот премиерот Мицкоски рече дека обезбедувачот бил припадник на претходницата а сопругата,  ќерка на негов колега од факултет. Реакции предизвика изјавата на Мицкоски дека сега законот важи за сите, за разлика од минатото и дека во овој случај за мал престап системот веднаш  функционира.

Семејното насилство не е мал престап туку кривично дело повеке од 20 години реагираа невладините кои по бараа од премиерот сериозно, гласно и недвосмислено да го осуди секој чин на родово засновано насилство.

Ова е втор случај против телохранител на Мицкоски. Претходно Ангел Сарамаков, доби првостепена пресуда од година ипол  затвор за оддавање службена тајна, но Апелација ја укина пресудата и го врати предметот на повторно судење.

Eлена Ивановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Илјада луѓе побараа лекарска помош, водата во Гостивар забранета за пиење

Kristina Kuzmanovski

Иран предупреди: Нападите ќе продолжат додека САД не ги запрат ударите врз југот на земјата

Kristina Kuzmanovski

(Видео) Земјотрес Мексико: Се нишаат згради и рафтови во продавници, жителите во страв ги напуштаат домовите

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе