Вести Свет

Рубио со порака од Шведска: НАТО ќе мора да одговори на загриженоста на Трамп за Блискиот Исток

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека Алијансата ќе мора да „одговори“ на загриженоста на претседателот Доналд Трамп во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот Исток.

Ставовите на претседателот – неговата загриженост за дел од нашите сојузници во НАТО и нивната реакција на нашите операции на Блискиот Исток – се добро познати. На тоа ќе мора да се одговори – изјави Рубио при пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во шведскиот град Хелсингбори, нагласувајќи дека прашањето нема да се решава денеска.

Рубио: Трамп е „многу разочаран“ од НАТО

Во однос на европската безбедност, Рубио увери дека последните одлуки на Трамп за распоредување американски војници на европско тло „не се казнени мерки“, туку дел од „процес кој трае“. Сепак, одлуката на Трамп за испраќање 5.000 американски војници во Полска, само неколку недели откако нареди повлекување на исто толку војници од Европа, предизвика сериозна збунетост меѓу сојузниците и воените кругови во САД.

Ова е навистина збунувачки и не е секогаш лесно да се менаџира – изјави шведската министерка за надворешни работи, Марија Малмер Стенергард, чија земја е домаќин на состанокот. Анонимни извори од американската армија исто така признаваат дека не ја разбираат оваа нагла промена, нагласувајќи дека поминале две недели во реакција на првото соопштение, а сега не знаат што значи новата одлука.

Трамп најави дополнителни 5.000 американски војници во Полска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Судиите поротници денес на мирен протест откако со години никој не презема мерки за нивните ниски надоместоци

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: Студенти ќе можат да одат на пракса во општините во текот на летниот период

Tea Dimkovska

Осомничената Украинка за експлозијата во Монако, е пронајдена мртва

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе