Државјанин на САД се здобил со тешки телесни повреди при слетување со параглајдер во близина на индустриската зона Жабени, кај битолското село Породин.
Од МВР информираат дека несреќата била пријавена на 5 јули околу 15:52 часот.
„Ф.Б. (59) од САД, при слетување со параглајдер, се здобил со тешки телесни повреди“, наведуваат од МВР.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Клиничката болница во Битола, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид извршила екипа на СВР Битола.
