Вести Македонија Топ вести

Поништена e јавната набавка за електрични автобуси на која беше избрана унгарската „Електробус – Икарус“

Поништена е јавната набавка за електрични автобуси на ЈСП. Одлуката ја донела Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност.

„Државната комисија по жалби за јавни набавки по службена должност донесе решение за поништување на јавната набавка на електрични автобуси и електрични полначи“, соопштија од Министерството за транспорт.

По втор пат се поништува јавната набавка за градски автобуси.

На последниот оглас кој заврши во април, беа пријавени четири фирми, а на крај на април од Министерството за транспорт соопштија дека е  избрана унгарската фирма „Електробус – Икарус” и на австриската ЕВН како единствена што ги исполнила условите.

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19.350.000 милиони денари или околу 314.000 евра по автобус, што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија „ЕВН“ станиците за полнење“, соопштија од министерството.

Со јавниот оглас се бараат 150 автобуси, од кои 100 се наменети за Скопје, а останатите 50 за други градови низ земјава. Според објавената техничка спецификација, вредноста на набавката се проценува на околу 51 милион евра.

Автобусите се бара  да бидат во црвена или бела боја, со најмалку 33 седишта и капацитет од минимум 66 патници.

Дел од проектот е и поставување на 75 станици за полнење со моќност од најмалку 120 киловати по приклучок.

Унгарски „Електробус – Икарус“ и австриската ЕВН ги исполнија условите за набавка на 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење

Четири фирми се пријавиле на тендерот за електрични автобуси

Црвени или бели автобуси за околу 50 милиони евра без пресметан ДДВ – Транспорт го распиша тендерот за 150 еко-автобуси

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

11 пациенти биле примени во Ургентен, пациентка со повреда на главата и на потколеница задржана на нерохирургија

Kristina Kuzmanovski

Франција воведува целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години

Kristina Kuzmanovski

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе