Вести Македонија Најважни

Унгарски „Електробус – Икарус“ и австриската ЕВН ги исполнија условите за набавка на 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење

Заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус – Икарус” и на австриската ЕВН е единствената што ги исполни условите за набавка на 150 електрични еко автобуси и 75 станици за нивно полнење, соопшти денеска министерството за транспорт. На јавниот повик учествувале вкупно четири економски оператори, а стручната комисија, по направената евалуација, утврдила дека три од нив не ги исполнувале условите од јавниот повик.

„Електробус – Икарус” и австриската ЕВН ги исполнија сите услови предвидени во јавната набавка за 150 нови електрични автобуси и 75 станици за полнење и воедно понудија најниска цена од 19.350.000 милиони денари или околу 314.000 евра по автобус, што е исклучително конкурентна цена на пазарот на електрични автобуси. Согласно Одлуката, компанијата „Икарус” треба да ги достави електричните автобуси, а компанија „ЕВН“ станиците за полнење. Според техничките каректеристики, меѓу другото, електричните автобуси треба да бидат со најмалку максимална моќност од 300 kW, со капацитет од најмалку 66 патници, автоматски регулиран клима уред за ладење/греење. Избраниот економскиот оператор има обврска да врши тековно одржување и поправката на сите настанати технички неисправности и да обезбеди резервни делови во следните 10 години од денот на стапување на возилата во употреба. Автобусите треба да бидат одобрени согласно Европската директива 2018/858“, наведува министерството.

Од таму информираат и дека по склучување на договорот, најповолниот понудувач е должен да изврши испорака на автобусите и станиците за полнење по следната динамика: 30 електрични автобуси и 15 станици за полнење да се достават во рок не подолг од шест месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од 12 месеци од денот на склучување на договорот, 60 електрични автобуси и 30 станици за полнење во рок не подолг од 18 месеци од денот на склучување на договорот.

По донесување одлука за избор, утврден е рок за жалба од 10 дена.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ до 2029 година ќе воведе дигитално евро

Sasko Dimovski

Франција втор ден по ред го регистрира најжешкиот ден во историјата

Igor Trajkov

Трпеноски: Ситуацијата во Македонија е како трчање на лента, можете да истрчате 10-15 километри, aма трчате во место

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе