Вести Економија Топ вести

Црвени или бели автобуси за околу 50 милиони евра без пресметан ДДВ – Транспорт го распиша тендерот за 150 еко-автобуси

Околу 50 милиони евра се првите проценки дека ќе чинат новите 150 еко-автобуси кои се најавуваат веќе извесен период, без пресметан ДДВ. Аванс од 10 отсто ќе биде платен оваа година, кога се очекува да пристигнат и првите 30-тина. Тендерот за нив е распишан денеска, а рокот за доставување на понуди е до крајот на март. Ќе бидат бела или црвена боја со капацитет да примат најмалку 66 патници. Планот е новите автобуси да бидат платени со пари од буџетот, без да се зема кредит, иако претходно се споменуваше заем од Унгарија.

Станува збор за долгогодишен договор. Годинава за оваа намена во државната каса се предвидени нешто над пет милиони евра. Но, според информациите и во буџетите за следните две години ќе се бира да бидат предвидени средства за обнова на возниот парк за јавниот превоз.

Се набавуваат и полначи за автобусите. Според, огласот треба да можат да се полнат на 75 локации.

Изминатиот период и од Владата и од Град Скопје постојано зборуваат за новите автобуси.

Но, додека се чекаат да дојдат, граѓаните секојдневно во анкетите се жалат дека не можат да се потпрат на јавниот превоз. На таблите поставени на постојките пишува кој автобус со кој број за колку време треба да дојде, но често се случува или да доцнат подолго време или воопшто да не дојдат.

Ова состојба е присутна веќе подолго време. Честопати се случува да стојат и по булеварите поради дефект, но и да прочитаме дека некој автобус се запалил.

Инаку, и претходно министерството за транспорт и врски објави тендер за набавка на 120 автобуси, но беше неуспешен со образложение дека на повикот се јавила само една компанија која не ги исполнувала условите.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе