Камионот кој удри во возилото во кое се превезуваа три млади момчиња и таткото на едно од нив, и неколку часа по трагедијата е на скопската обиколница.
Собраќајната несреќа се случи на делот од обиколницата помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, синоќа околу 23 часот.
76 годишен возач од Косово кој управувал со камион изгубил контрола над возилото, преминал преку металната ограда во спротивната насока на автопатот и удрил во патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки
Од ударот, возилото се запалило. Починаа три момчиња и таткото на едно од нив. Меѓу загинатите е оперскиот солист Ристе Велков и неговиот син Адам.
Возачот е лишен од слобода и задржан во полициска станица.

Фото Телма
