Вести Македонија Топ вести

Пазарна не утврди големи поскапувања во маркетите – граѓаните се жалат дека се е скапо

Пазарните инспектори не утврдиле значително поскапување на храната. По контролите во 10-тина големи маркети и кај над 100 прехранбени и непрехранбени производи, од Државниот пазарен инспекторат за Телма велат дека е забележано минимално зголемување на цените на дел од увозните млечни и месни производи, како и кај некои детергенти од еден до пет проценти.

Инспекторите утврдиле и поевтинување на доматите и крaставиците, производи кои изминатиот период беа најмногу коментирани поради високите цени што достигнуваа и до 300 денари за килограм. Според ДПИ, доматите сега се продаваат од 120 до 180 денари, а пониски цени има и кај крставиците.

Граѓаните со поделени мислења. Некои велат дека храната е поскапена, особено овошје, додека други сметаат дека има намалување.

„Има зголемување на цените на храната дефинитивно. Особено на овошјето. Еве сега се враќам од пазарче и јагодите наместо да поевтинуваат тие поскапуваат. Сега е 200 денари. Во ниеден маркет не видов да има пониски цени од тие порано што беа“, вели жителка на главниот град. 

„Се зависи кој колку пари има. Владее голема сиромаштија. За мене лично не е скап пазарот. Ги сподредувам цените и купувам онаму каде што е поевтино. Сепак животот е многу скап“, реагира скопјанец. 

„Некаде има малку намалување, некаде нема воопшто. Зависи каде се купува. Има намалување на пиперките и доматите, ама не секаде“, рече друг скопјанец.

Анализата е направена со споредба на цените од 1 април, односно пред Велигден. Документите од контролите се доставени до Министерството за економија, кое треба да одлучи дали ќе има нови мерки, во услови кога инфлацијата расте два месеца по ред и во април достигна 5,7 проценити на годишно ниво.

Од Пазарниот инспекторат велат дека маркетите засега се обидуваат да ги задржат цените стабилни и дека кај дел од производите се забележува намаување на профитните маржи. Во наредниот период ќе се контролираат и дистрибутерите и производителите.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мал бетонски објект, метална врата и катанец како единствена заштита – до Комората во Вруток може да пристапи секој

Sasko Dimovski

Рокас повика на постигнување на консензус за носење на клучните закони

Sasko Dimovski

Штипската болница привремено нема да прима пациенти со скршеници – невремето оштети дел од покривот на Ортопедија и операционалата сала

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе