Вести Македонија Топ вести

Финансиската полиција поднесе кривична пријава против градоначалникот на Општина Врапчиште

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гостивар против лицето И.Ш. во својство на градоначалник на Општина Врапчиште поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување” од чл.353, ст.3, в.в со ст.1 од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.

„Пријавениот И.Ш., во текот на 2025 година, ги пречекорил границите на своето службено овластување и постапил спротивно на член 157, став 1, од Законот за јавни набавки (Сл. Весник на Р. Македонија бр.24/2019 од 01.02.2019 година), на начин што склучил Договор за набавка на работи – Реконструкција на локален пат во Добридол од центар на селото до вкрстување со сервисниот пат покрај државниот пат А2 делница Тетово – Гостивар бр. 0507-219/17 од 03.04.2025 година со избраниот економски оператор без да ја дочека конечната одлука по поднесена жалба од Државна комисија за жалби по јавни набавки согласно која одлуката за избор била поништена“, се вели во соопштението на Финансиската полиција.

И покрај ваквата одлука од страна на Државната комисија за жалби по јавни набавки, пријавениот извршил плаќање по однос на склучениот договор на правното лице во вкупен износ од 11.848.675 милиони денари, со кои дејствија му овозможил на правното лице да се стекне со противправна имотна корист за наведениот износ, се додава во дописот на Финансиската полиција.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кумановци стравуваат од кражби, МВР вели се повеќе случаи се решаваат

Kristina Kuzmanovski

Турција прави мрежа од специјализирани клиники за одвикнување на младите од пушење

Sasko Dimovski

Магнитуда од 7,3 степени на длабочина од 10 километри – силен земјотрес го погоди Мексико, издадено предупредување за цунами

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе