Американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Иран дека времето истекува за постигнување договор за крај на војната, во момент кога мировниот процес отежнато се одвива.
Откако минатата недела Трамп ја отфрли иранската листа предлози како сосема неприфатлива, државните медиуми во Исламската република го обвинија Вашингтон за дипломатска нефлексибилност, упатувајќи контра предупредување, дека неподготвеноста на Соединетите држави да направат отстапки ќе го доведат преговарачкиот процес во ќор сокак.
И покрај острата реторика на Трамп, американскиот претседател минатата недела навести подготвеност да прифати 20 годишна суспензија на иранската нуклеарна програма, наместо нејзино комплетно напуштање, што претставува нова промена во неговата позиција. Додека тој нуди отстапка, неговите блиски соработници во координиран настап бараат зголемување на притисокот врз Исламската република.
Статус квото нѐ повредува сите. Колку подолго теснецот е затворен, колку подолго преговарарме за договор кој е невозможен, толку посилен станува Иран. Мојата анализа е дека не постои ништо што навестува дека одговорните се поразлични, во смисла на целта на режимот да го тероризира светот, да го уништи Израел, и да нѐ напаѓаат нас. Тогаш, што треба да се направи? Дополнително да ги ослабиме, порачува сенаторот од јужна каролина, линдзи греам.
Исламската република бара прекин на воените дејствија на сите фронтови на Блискиот исток, гаранции дека нема да има нови напади и прекин на американската блокада на иранските пристаништа. Покрај тоа, Техеран бара и признавање на неговата контрола врз Ормускиот теснец, како и исплата на воени репарации.
Значи, процесот продолжува преку пакистанските посредници. Тоа што со сигурност може да се каже, како прво, ние ниту преговараме, ниту пак правиме компромиси за правата. Правото на Иран да збогатува ураниум е признато преку Договорот за непролиферација на нуклеарни оружја. Нема потреба од друга страна да го признава ова право на Иран, тоа право веќе постои, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи есмаил багеи.
Американската блокада на иранските пристаништа и спорадичните напади на Исламската револуционерна гарда врз заливската нафтена инфраструктура не им дозволуваат енергетските пазари да се смират. Неделата започна со ново покажување на цената на нафтата на берзите на 111 долари за барел.
Игор Трајков
