Uncategorized Вести Македонија Најважни

Бројни реакции и најавена постапка по вулгарните песни на прославата на ФК Вардар

Бројни реакции предизвика недоличното прославување на шампионската титула од страна на фудбалскиот клуб Вардар, на кое беа испеани навредливи и вулгарни песни за Битола и  македонската пејачка Каролина Гочева. Спортските власти, покрај осудата, најавија и покренување постапка против клубот, кој може да се соочи со казна. Се очекува на почетокот на неделата да заседава Дисциплинската комисија при ФФМ.

„ФФМ, како и во претходните ситуации кога беа казнувани екипите на ФК Тиквеш, ФК Победа, ФК Вардар, ФК Шкендија и други, ќе постапува согласно своите пропозиции и дисциплинските правилници. Дисциплинскиот инспектор при ФФМ веднаш ќе отвори постапка против ФК Вардар во врска со последните случувања“, соопштија од ФФМ. ТЕЛОП

Случајот предизвика бурни реакции и во Битола, отворајќи дебата за однесувањето на спортските работници и јавни личности, како и за односот кон жените и јавниот говор во спортот и општеството.

-Длабоко го осудувам овој говор на омраза. Омразата против една жена е омраза против секоја жена и институциите мора да реагираат, изјави Софија Ристевска, советник од СДСМ.

Реагираа и претставници на локалната власт.

-Се надевам дека ваквото однесување ќе биде санкционирано од ФФМ, бидејќи не доликува на спортисти и фудбалери кои се натпреваруваат во Првата македонска лига и ја претставуваат државата со репрезентативниот дрес, рече претседателот на Советот на Општина Битола, Бојан Бојковски.

Од независната група „Поинаку“ велат дека насилството врз жена бара вистинска казна и осуда, а не само декларативни заложби.

-Лицемерни се изјавите на функционерите од власта кои бараат извинување, бидејќи тие се дел од партијата која го финансира ФК Вардар и со најголеми почести во Битола го пречекуваат Миленко Неделковски, вели Габриела Илиевска од „Поинаку“.

Универзитетскиот професор Иван Атанасовски, кој работи во областа на девијантното однесување на навивачките групи, вели дека овој инцидент, иако се случил надвор од спортските терени, не му доликува на еден спортски гигант, додавајќи дека институциите треба да реагираат.

-Треба да бидеме задоволни што има осуда од сите страни на тој немил настан. Државата има закони, има и специјален закон за недолично однесување на спортски натпревари. Иако тој ги тангира два часа пред и два часа по завршување на натпреварот, овде треба да се санкционира тоа што од една страна се слави спортски успех, а од друга страна се навредува една поп икона, вели проф. д-р Иван Атанасовски од Факултетот за физичко образование.

Со официјален став се огласи и ФК Пелистер од Битола, од каде порачаа дека фудбалот не смее да биде простор за ширење омраза, сексизам и примитивизам, но засега нема реакција од ФК Вардар. Сега се очекува одлуката на Дисциплинската комисија при ФФМ.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украина бара лиценца за производство на ракети за системите за воздушна одбрана „Патриот“ – тоа би било доволно за заштита, вели Зеленски

Дејан Дејан

Ќе се ревидира бугарско-турскиот договор за пренос на гас – Ердоган и Радев имаат 15 месеци да ги испеглаат разликите

Дејан Дејан

Кој создава простор за изборен грабеж, а кој свесно ги блокира реформите – траат партиските препукувања околу Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе