Големото финале на Евровизија 2026 вечерва се одржува во Виена, каде музичкиот спектакл ја слави својата 70-годишнина. Вкупно 25 земји настапуваат на сцената во борба за престижната титула, додека милиони гледачи ширум Европа го следат шоуто во живо.
Пред почетокот на финалето, улиците на Виена беа исполнети со фанови и евровизиски атмосфера, иако дел од публиката повика на бојкот поради учеството на Израел. Во центарот на вниманието е и британскиот претставник Сем Батл, познат под сценското име „Look Mum No Computer“, кој настапува со енергична електро-поп песна.
Евровизиските фанови повторно дебатираат дали редоследот на настапите влијае врз шансите за победа.
Според статистиките, ниту една земја досега не победила од втората позиција во финалето, што многумина го нарекуваат „ждрепка на судбината“.
Меѓувреме, настапите продолжуваат со спектакуларни сценски ефекти, а белгиската претставничка Есила привлече внимание со настап во „снежна бура“ создадена со сценски ефекти.
