Вести Спорт Топ вести

Вардар се врати на домашниот ракометен трон

Домашната ракометна титула од Битола се враќа во Скопје. Вардар беше супериорен на денешното дерби соочување со Еурофарм Пелистер и на три кола пред официјалниот крај на сезоната ја завери титулата.

Она што некогашниот играч, а актуелен тренер на „црвено-црните“, го најави на стартот од сезоната кога седна на клупата во „Јане Сандански“, вечерва се исполни. Со конечен резултат 34:19, Вардар ја завери домашната ракометна титула на која последен пат се радуваше во 2022 година.

Иако натпреварот меѓу овие два тима има статус на дерби, овојпат дефинитивно не го оправда истиот, затоа што составот на Е. Пелистер очигледно не беше подготвен и не инсистираше на надигрување, ситуација за која доволно говори предноста од шест погодоци за Вардар на полувреме.

Во вториот дел, предноста се искачи и на 10 голови за што најмогу придонесоа Урош Митровиќ со вкупно седум погодоци и Јака Малус со шест. Во поразениот табор, капитенот Филип Кузмановски овојпат броеше само до четири, истовремено двапати беше непрецизен од пенал.

До официјалното комплетирање на сезоната во ракометната Супер лига претстојат уште три плеј-оф кола во кои Вардар има целосно право да ужива во враќањето на дел од некогашниот шампионски сјај и да ги одработи рутинирано, пред да биде подигнат пехарот.

Ј.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Угостителите во Гостивар преминаа на пакувана вода, пластичен прибор и хартиени чаши – утврди Агенцијата за храна и ветеринарство

Дејан Дејан

Им попречил пат, се заканувал и со нож им исекол гума од автомобилот – постапка против работник кој нападнал газди заради неисплатени дневници

Sasko Dimovski

Откако се скарале, татко без дозвола ѝ го зел 10-месечното бебе на сопругата во Гостивар и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе