Вести Македонија Топ вести

Јавноста бара одговорност за смртниот случај на градилиште во Кисела Вода – Македонија го одбележува Светскиот ден за здравје и безбедност при работа

Неколку дена по смртта на градежниот работник во скопска Кисела Вода, во земјава се одбележува светскиот ден на безбедност и здравје при работа (БЗР). Но, иако замолен да застане пред медиумите, директорот на државниот инспекторат за труд одби да даде изјава и да каже детали за случајот. Застана на говорница и зборуваше за тоа какви заложби имале, но сподели и податоци за тоа колку инспекциски надзори спровеле, но и колку смртни случаи настанле поради повреда на работно место.

„Во областа на БЗР, од вкупно 5.342 извршени вонредни инспекциски надзори, во 2,036 се констатирани потешки повреди при работа кои предизвикале времена неспособност за работа повеќе од три дена, пет за колективни повреди при работа и осум надзори за повреди со смртни последици. Компаративно со податоците за 2024 година имаме намалување кај повредите при работа со смртни последици. Тоа е 13 во однос на осум, значи минус пет смртни случаи“, изјави директорот на државниот инспекторат за труд, Гани Максути.

Овие податоци не се релевантни со оглед дека инспекторатот е надлежен само за одредени дејности, па ја нема целосната слика. И ниту една институција не води комплетна статистика.

А податоците кои ги објави македонското здружение за заштита при работа покажува поголема смртност и повреда. Лани евидентирале 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход.

Но, овие бројки, според советот на безбедност и здравје при работа, не одат во прилог, па претседателката праша дали би требало да се запрашаме, дали доволно сме се посветиле во работењето?

„Безбедноста и здравјето при работа не смее да биде тема и наслов само кога ќе се случи трагедија и кога ќе ни загине работник. Безбедноста и здравјето при работа е област којашто не трпи импровизации, политиканство, суети. Тоа е област којашто бара исклучително, исклучително индивидуална и колективна одговорност и посветеност“, порача проф. д-р Јасмина Чалоска, претседателка на Советот на БЗР.

Синдикатот, пак, својот говор на одбележувањето на светскиот ден на здравје и безбедност при работа го одржа со едноминутно молчење за сите жртви.

„Да оддадеме почит на сите луѓе кои ги загубиле своите животи на своето работно место“, побара Слободан Трендафилов, претседател на ССМ.

Според Трендафилов, животот во Македонија чини помеѓу 5.000 и 10.000 евра кога ќе починете, а кога работите далеку помалку.

„Можеби ќе ми замерат за тоа што директно зборувам за проблемите со кои се соочени работниците, но единствено во Македонија тој што ќе умре, тој е крив, за жал. Се надевам дека случајот од пред неколку денови ќе го покаже спротивното, ќе покаже дека одговорните имаат име и презиме и ќе покаже дека тие мора да сносат одговорност“, додаде Трендафилов.

Пред една недела во градилиште во Расадник загина еден работник, а четворица беа повредени. Вината, според првичните наоди на надлежните, се лоцира во непреземени колективни мерки за безбедност и здравје при работа, бидејќи немало заштита на темелната јама од обрушување на земјиштето. Градилиштето го затворија сè додека не заврши истрагата, а во меѓувреме единствено нешто на кое што се работи е санирање на штетата и опасноста по околните објекти од лизгањето на земјата.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Два ер трактори и два пинцгауери го гаснат пожарот кај Копаница

Kristina Kuzmanovski

Аневска во Телма интервју: Скопјани пијат безбедна вода – изворот Рашче е хемиски стабилен, се прават 20.000 анализи годишно

Дејан Дејан

Започна хиперхлорирање на водводот во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе