Параглајдерист изгубил контрола при слетување, по што настанал инцидент на патеката кај „Куба Либре“ во Охрид. Како што може да се види од видеото на социјалните мрежи, леталото се движело опасно ниско, директно кон пешаците кои биле на патеката.
Во последен момент параглајдерот успеал да ја промени насоката, со што е избегнат директен судир со луѓето.
Сепак, обидот да ги избегне луѓето за да не повреди некој завршил со удар во канделабра.
Според првичните информации, во инцидентот нема пријавени потешки повреди.
