Вести Култура Македонија Топ вести

Драмски театар по втор пат не ја додели наградата „Горан Стефановски“

„Одлуката да не се додели наградата и оваа година може да се толкува како дестимулативен потег, но и покрај тоа комисијата принципиелно стои на ставот дека единствениот критериум за доделување на наградата „Горан Стефановски“ е и мора да биде квалитетот на драмскиот текст“, рече Викторија Рангелова- Петровска, драматург и претседателка на жири комисијата.

Втора година по ред Драмски театар – Скопје не ја додели наградата„Горан Стефановски“  за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години. Станува збор за едногласна одлука на жири комисијата по анализа на трите доставени драмски текста на тројца автори кои пристигнале на конкурсот.

„Доставените дела немаат целосно изградена и развиена драмска структура, карактерите во делата се еднодимензионални и повеќе се функции одошто карактери кои го градат драмското дејство. Дијалозите се непотребно реторични, информативни или банални, стои во образложението на жири комисијата“, рече Петровска.

Комисијата достави предлог до управата на Драмски театар да разгледа три можни измени во правилникот за наградата и тоа да се зголеми возрасната граница не како до сега до 30 години и да се размисли за наградата „Горан Стефановски“ за развој на драмски текст и негова сценска реализација.

Според Вељановски сето ова разоткирива и општествен проблем на кој треба да се осврнат многу внимателно Факултетите за театарски и Факултетите за драмски уметности во нашата држава, но и Филолошшкиот и Филозофскиот факултет, додавајќи дека целосно застанува зад одлуката на жири комисијата.

„Мечот е со две острици. Да се додели наградата на нешто што нема доволно квалитет и притоа да се превземе обврската со неквалитет да се прави претстава бидејќи една од наградите е тој драмски текст да биде поставен во Драмски театар, со што веќе ги намалувате шансите за успешност на таа продукција . И втората страна да не се додели наградата како што е во овој случај.

Видете ние може да ја промениме и комисијата и да ги спуштиме и критериумите, но дали е тоа добро за македонската современа драматика ?!“ , рече истакна Роберт Вељановски, директор на Драмски театар Скопје.

Во скоро време треба да се донесе решение за да се затвори оваа приказна на најдостоинствен начин, вели Вељановски, затоа што Горан Стефановски е амблем на Драмски театар и нему му должиме да се бориме и да се избориме за квалитетни драмски текстови. Горан Стефановски е човекот кој повеќе од три децении ги едуцираше македонските драматичари Дејан Дуковски, Сашко Насев, Викторија Рангелова, Жанина Мирчевска и Југослав Петровски и кои оставија белег во македонската драматика.

Нина Стефанова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската централна банка ги одржува каматните стапки непроменети поради флуктуациите на цените на нафтата

Kristina Kuzmanovski

ВЛЕН: Дали случајот со водата во Гостивар излегува како случајот со канализацијата во Зајас?!

Дејан Дејан

СДСМ: Организираната криминална група ВМРО ќе ја отруе цела Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе