Вести Македонија Топ вести

Интернационален конгрес ПЕДИАРЕС 2026

Јасна стратегија за исти протоколи во целиот регион кој се применливи и во Македонија во однос на детската и респираторната патологија. Во моментов се соочуваме со недостиг на дел од современата терапија за ретки болести која е неопходна за некои деца, па мораат да ја набават во соседните држави, велат педијатрите.

Нас ни недостасуваат лекови за имунодефицијентни состојби, не само лекови имаме и дијагностика којашто ни недостасува. Знаете за возрасните е малку пошироко дека се поголема популација, меѓутоа за децата има специфичности и тие работи ни фалат. Ретки болести, цистична фиброза, ние сме многу добри во таа насока во однос на лекување, дијагностика итн, но сепак постојат предизвици на пример терапија за помола возраст, сите финеси кои треба да се опфатат, вели проф. д-р Татјана Јаќовска, претседател на Педијатриско респираторно здружение (ПЕДИАРЕС).

Кај децата со астма исто така се појавува проблем во однос на терапијата и тоа најмногу кај деца на училишна возраст.

Немаме такви инхалаторчиња, инхалаторни препарати за од 6 години или за помала возраст, додава проф. д-р Јаќовска.

За терапија којашто е влезена во клинички патеки, да се применува и во Македонија како што се применува секаде во светот. Значи тоа се стандардизирани патеки, коишто треба да ги користи секој еден специјалист педијатар вклучително и македонските педијатри. Проблемот е што ние немаме од тие препарати во Македонија, дел од нив, за лекување на дел од респираторните заболувања. Пациентите се принудени да одат во соседните земји за да си го набават својот неопходен лек, доколку бидат лекувани со современ пристап. Има замени, но тоа се стара генерација на лекови, вели прим. суп. спец. д-р Мирјана Панова – Поповска, Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата – Козле.  

Во рамки на четвриот интернационалн конгрес во организација на Педијатриско – респираторното здружение (ПЕДИАРЕС) со над 300 учесници од целиот свет беа споделени искуства и ставови за дијагностика и лекување на бројни респираторни заболувања кај децата.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Отворил боледување, а одмора во странство – со анонимни пријави ќе се воведува крај на лажните отсуства од работа

Kristina Kuzmanovski

Над 20 случаи во Грција со вирусот Западен Нил

Kristina Kuzmanovski

Без дозвола зел возило на „Црвен Крст“, каде што волонтирал и удрил во повеќе паркирани возила

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе