Вести Култура Македонија Топ вести

(Видео) Протест на Синдикатот на културни работници – ни се кратат сите изборени права

Културните работници и уметниците денеска  протестираа пред Министерството за култура. Како што велат причина за протестот е револтот поради започнатата постапка на Уставниот суд за оценување на уставноста и законитоста на колективниот договор за култура, дополнително и пресметките на платите кои се скратени за 6 проценти изминатите две години.

„Загрозени ни се основните работнички права, не станува збор само за платите кои втора година по ред ни ги кратат туку се доведуваат во прашање сите наши изборени права“ рекоа од Синдикатот.

Министерот за култура Зоран Љутков протестот го оцени како политичко делување, а за синдикатот рече дека бил под силно политичко влијание. Тој рече дека на вчерашната  средба во Министерството за култура со претставници на Синдикатот, биле направени првични чекори за откочување на преговорите за колективните договори во култураа.

Синдикатот за култура на Македонија по Велигден излегува на протест

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе