Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Повторно пропадна изборот на член на комисијата за спречување и заштита од дискриминација, ќе се објавува нов оглас

Пропадна и вториот обид за избор на член на комисијата за антидискриминација. Членовите на собраниската комисија за избори и именувања одлучиле да го поништат огласот и да објават нов, зашто сметале дека можат да се пријават подобри кандидати.

Одлуката да се поништи огласот била донесена и поради реакцијата од Мрежата за заштита од  дискриминација кои негодуваа зошто меѓу седумте кандидати кои беа повикани за интервју, не беа и двете кандидатки коишто доаѓаат од граѓанскиот сектор односно од организации членки на Мрежата.

Огласот за избор на нов член на  Комисијата за заштита од дискриминација беше распишан откако  Џихан Ахмед која претходно беше предложена за член сама се повлече под притисок на јавноста, по непознавањето на основни поими и меѓународни документи, меѓу кои и на Истанбулската конвенција.

И овој пат изборот не поминува без реакција на невладините кои сметаат дека Собранието повторно ги прекршува сопствените процедури. Од Мрежата за заштита од дискриминација обвинија за  селективност и предупредија дека ваквите постапки оставаат сомнеж за однапред донесени одлуки, нагласувајќи дека изборот на членови во независни тела мора да се темели на транспарентност, еднаков третман и почитување на демократските процедури.

Аврамов oд МЗД: Исклучувањето на кандидатките отвора сомнеж за селективен избор во Собранието

Невладините бараат од пратениците да не гласаат за Џихан Ахмед- прашана за Истанбулската конвенција, одговори: „Јас вака би продолжила, како што е сега моментално во Истанбул“

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе