Вести Македонија Топ вести

Психичката состојба на Ивана била резултат од малтретирањето на нејзиниот сопруг – презентирани наоди на експерти на денешното рочиште против Стојанче Јовановски

Психичката состојба на Ивана која го загуби животот по пад од балкон заедно со нејзината шест годишна ќерка Катја била директен резултат на малтретирањето од нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски, според вештиот наод и мислење на психолог и психијатар презентиран од обвинителството на денешното рочиште. Со изведување на материјалните докази продолжи судењето, а обвинителството презентираше видео од телефонот на Стојанче како ја снима Ивана непосредно откако тој ја пријавил за семејно насилство, а таа плачејќи го прашува зошто ја удрил. Ивана му вели дека и таа ќе го пријави за семејно насилство и да не бега.

„Ме истепа и ми викна полиција. Стојанче се смее. Ивана му вели психопат еден. Затоа што ме истепа и викна полицијата да им кажеш што имаш направено. А по скали што ме турна пред сведоци и сакаше да ме убиеш. Стојанче вели што не ме пријави. Ивана вели те пријавив. Колку пати ме имаш тепано. Во систем колку пријави има за тебе за семејно насилство“, го опишува видеото обвинителката Адела Бојчевиќ.

Беа презентирани и две видеа кога Јовановски заедно со Мартин Саздов, кој беше сведок и Ивана пристигнуваат кај Кривичниот суд на критичниот ден на 2 март. На нив се гледа како Ивана и Јованче се расправаат и тој ја удира по лицето, по што таа повикува полиција. По пристигнувањето на двајцата полициски службеници тие разговараат со нив, потпишуваат документи и сите си заминуваат.

Неда Чаловска, адвокатата на семејството на Ивана, вели дека снимките се и доказ за непостапување на полицијата која можела да направи повеќе. Според неа, требало да постапи со должно внимание, да го приведе Стојанче и да исконтактираат со инспектори за семејно насилство, кои ќе алармираат и обвинител.

„Освен овој случај во кој очекуваме во целост да биде прифатено обвинението како што е и да имаме максимална казна, сепак очекуваме разрешница и за постапувањето на полицијта. Тогаш за нас како оштетени ќе биде целосно завршување на процесот и добивање на правдата“, изјави Чаловска.

Јовановски е обвинет дека ја навел на самоубиство неговата сопруга Ивана, како и за кривичните дела нанeсување телесни повреди и загрозување на сигурноста. На наредното рочиште во петок треба да сведочи Јовановски.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вработен во Центарот за вработување во Прилеп осомничен за примање поткуп од 18.000 денари

Дејан Дејан

Телма интервју со Мартин Јошески од АХВ – На кое ниво е координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје

Дејан Дејан

Белата пена во водите на Вардар исчезна – но причинителот остана непознат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе