Дел од адвокатите на обвинетите тринаесетмина полицајци бараат судењето против нив да се спои со веќе започнатиот процес против 35 обвинети за пожарот во дискотеката Пулс. Тврдат дека се работи за исто дело и ист настан па поради ова обвинителството во Кочани и обвинителството за гонење организиран криминал направиле скандалозен потег што покренале две различни обвиненија. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска ги искара за речникот кои го користеле во ваквиот писмен предлог.
Инаку денеска требаше да започне судењето против полициските службеници кои Но еден од адвокатите не дојде поради притворски предмет па подготвителното рочиште е одложено. Сите три предмети против полициските службеници а поврзани со трагедијата во Кочани сега ги превзема обвинителката Спасенка Андонова.
Таа ги презeде од Ивана Трајчева која ги поднесе обвиненијата откако не и беше продолжен мандатот во организиран криминал. Новата обвинителка вели дека е подготвена и имала доволно време да се запознае со сите предмети.
