Пожар избувна денеска во парк шумата Гази Баба, а на терен излегоа екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека пожарот е ставен под контрола.

Според директор на ЦУК, Мухамед Али, состојбата постепено се стабилизира, а надлежните служби ќе останат на терен сѐ до целосното гаснење на пожарот.
Тој упати апелираме до сите граѓани, доколку забележат пожар, чад или каква било опасност, веднаш да пријават на единствениот број за итни случаи 112 и ги повика граѓаните да бидат особено внимателни при движење во шумски и планински подрачја, да избегнуваат какви било активности што можат да предизвикаат пожар и да ги почитуваат препораките на надлежните институции.
Б.С.
