Uncategorized Вести Македонија Топ вести

Трипуновски: Законот за заштита од пушење технички се усогласува

Министерството за здравство и земјоделство се уште ги усогласуваат ставовите околу финалната верзија на законот за заштита од пушење. Од земјоделство велат дека нивните забелешки биле од технички аспект. Министерот Трипуновски за Телма вели дека предложениот закон не ги менува правилата за производство на тутун, туку дека двата закона и за заштита од пушење и за тутун и тутунски производи се комплементарни.

„Има други технички работи и она што можеби ќе биде обврска за законот за заштита од пушење да треба да се предвиди во законот за тутун и тутунски производи. Значи, практично едно усогласување помеѓу двете институции. Се надевам дека во брз рок ќе се усогласиме да“ , рече Цветан Трипуновски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

За тутунската индустрија новите мерки нема да го намалат пушењето, туку ќе ја зголемат сивата економија. Потсетуваат и на милионските приходи што државата ги добива од овој сектор. Но, ресорниот министер Трипуновски вели дека законот нема да и наштети на тутунската индустрија.

„Овој закон којшто го предлага министерството за здравство не е на штета на нашето тутунопроизводство, така да ние ќе си продолжиме со нашето производство и нели приоритетите коишто ги даваме во овој сектор. Јас разговарам кога би го менувал мојот закон, но дали разговарал министерот за здравство ќе го прашате министерот за здравство“, кажа Цветан Трипуновски министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Додека институциите се договараат за новиот предлог закон, инспектори се на терен да проверат дали се почитува сегашниот закон за пушење. Според податоците кои ги добивме од државниот пазарен инспекторат лани биле направени 2.500 контроли при што биле утврдени 222 прекршоци. Само во првите два месеца годинава 225 надзори и 12 казни во вредност од речиси еден милион денари.

Иако се најавуваше дека новиот драстично поригорозен закон за заштита од пушеше треба да стартува на 1 март, сепак роковите се пробија поради реакциите на угостителите и тутунската индустрија кои имаа низа забелешки, па законот се уште нема финална верзија. Идејата е да се забрани пушење во затворени простории и за класични цигари, и за електронски уреди како ајкос и вејп. Се предвидува и јасно раздвојување на пушачки и непушачки делови, со посебни влезови, а пушењето пред институции ќе биде дозволено само на најмалку 20 метри од влезот. Угостителските објекти ќе мора да имаат отворени две страни а ќе се важи и покривот доколку угостителите сакаат тој да биде пушачки дел

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите од шишиња се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе