Балкан Вести Топ вести

Сослушување на Коста Кецмановиќ кој уби девет ученици и чувар и рани седуммина во училиштето „Рибникар“

Во зградата на Специјалниот суд во Белград денеска, на судењето на Миљана и Владимир Кецмановиќ, треба да биде сослушан нивниот син К.К., кој на 3 мај 2023 година уби девет соученици и училишен чувар, а рани шест ученици и една наставничка, во основното училиште „Владислав Рибникар“, шишуваат белградските медиуми.

Таа постапка е затворена за јавноста, па затоа никој официјално не објавил дека малолетникот ќе биде сослушан, но на тоа укажува фактот дека во текот на претходната постапка, судењето беше преместено од Палатата на правдата во друг суд само кога К.К. беше испрашуван, јавија белградски медиуми.

К.К. треба да биде донесен од здравствената установа каде што се наоѓа речиси три години.

Таткото Владимир и мајката Миљана од почетокот на судењето ја негираат вината.

Тоа судење е затворено за јавноста по предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, со цел да се заштитат интересите на малолетниците и приватноста на оштетените, а постапката се повторува бидејќи Апелациски суд во Белград ја поништи првостепената пресуда со која Кецмановиќ беа осудени на неколку години затвор и побара судењето да се повтори.

Владимир Кецмановиќ беше осуден на затворска казна од 14 и пол години со првостепената пресуда за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице и тешко дело против јавната безбедност, додека неговата сопруга Миљана Кецмановиќ е осудена на затворска казна од три години за кривично дело занемарување и злоупотреба на малолетно лице.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе