Седумнаесет нови лесни оклопни возила „Страјкер“ денеска беа претставени во касарната „Страшо Пинџур“ во скопски Петровец. Тие се набавени од Соединетите Американски Држави како дел од Договорот меѓу двете држави за модернизација на македонската армија.

Останатите возила, од вкупно 54 колку што се набавени, се очекува да пристигнат до средината на летото, велат од Министерството за одбрана.

„Со овие нови возила се подобрува оперативноста, се зголемува мобилноста на Армија, и стануваме поконкуретнтни споредено со другите Армии“, изјави премиерот Христијан Мицкоски и најави дека инвестициите во армијата ќе продолжат.
