Балкан Вести Свет Топ вести

(Видео) Ескалираше протестот во Тирана – демонстранти фрлаа молотови коктели, полицијата ги растеруваше со водени топови

Со извици “Рама оди си”, “Техничка влада”, “Избори без Рама премиер”, синоќа на улиците на Тирана протестираа граѓаните кои власта ја обвинуваат за високите цени на горивата, неизоставно ја споменаа и Белинда Балуку, поранешна вицепремиерка и министерка за инфраструктура, осомничена за корупција.

Демонстранти фрлаа огномети и молотови коктели врз седиштето на владејачката партија, а полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера. Мета на демонстрантите беа и министерствата за внатрешни работи, за инфраструктура, како и други институции, меѓу кои и парламентот.

Полициски специјалци ја блокираа  улицата кон поранешната вила на Енвер Хоџа, сега културен центар. Беа ангажирани над 1600 полициски службеници, како и припадниците на специјалните полициски единици. Овој протест е шести по ред на поддржувачите на опозицијата кои продолжуваат да бараат смена на премиерот Еди Рама и отворање пат за привремена влада, која би ја водела земјата кон предвремени избори.

Во декември, вицепремиерката Белинда Балуку, блиска соработничка на Рама, беше суспендирана поради корупциски скандал кој сега се истражува. Неколку поранешни министри во владите на Рама, исто така, беа цел на истраги за корупција.

Т.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вода загадена со фекалии течела од чешмите во Гостивар – отворена истрага против три лица за Тешки дела против животната средина

Дејан Дејан

Маж од Пробиштип, мачел три жени со електрошокови и им изнудил 110.000 денари

Kristina Kuzmanovski

Силно невреме предизвика штети во Делчево, паднати дрвја на повеќе патни правци

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе