Aзиските акции утрово се намалија за повеќе од 2 проценти, следејќи ги загубите на Волстрит и зголемената загриженост поради ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток, што доведе до раст на глобалните цени на нафтата. Во изминатите денови, за време на конфликтот, цената на нафтата надмина 100 долари за барел.
Американските акции нагло опаднаа минатиот петок, поставувајќи негативен тон за азиските пазари на почетокот на неделата. Низ целиот регион, главните берзански индекси се движеа во надолна насока за време на утринското тргување.
T.Д.
