Почна откупот на македонското јагне, за кое за Велигденските празници веќе има интерес има за пазарите во Италија и Албанија, каде се извезени и првите количини на јагнешко. Потпретседателот на Асоцијацијацита на земјоделците, Гоце Сарафимов вели дека и понатаму откупната цена не е задоволителна за сточарите.
-Цената се уште е ниска 260-280 денари макисмум се движи, а овчарите сакат да не биде испод пет евра, испод 300 денари. Затоа што и млекото сега и е намалено, бидејќи млекото беше до скоро 65 денари, а сега е 60 денари завршува на 44 секунда, вели Гоце Сарафимов потпретседател на Асоцијација на земјоделци.
Сточарите велат дека од година во година се намалува бројот на овци и јагниња во земјата. Податоците од Државниот завод за статистика ја потврдуваат оваа констатација на сточарите. Во 2022 година се изброени 646.488, во 2023 се намалил за речиси 60.000, а во 2024 година имало 517.128 овци.
| 646 488 | 587 073 | 517 128 |
2022 2023 2024
Според проценките на сточарите оваа година во бачилата имаат околу 400.000 овци и исто толкав број на јагниња, од кои 300.000 ќе одат во кланица,а 100.000 женски јагниња ќе остават за продолжување на стадата. За да се зголеми сточниот фонд, според сточарите најважна е поддршката од државата, односно субвенциите да се исплатат на време.
-Видете реално субвенциите не се малку. Но, само треба навреме да се издадат. Ние чекаме по две до три години и затоа сточарите најмногу страдаат, вели Насер Џемаили претседател на здружение.
Сточарите неисплатените субвенции зa изминатите две години ги очекуваат деновиве, за што добија и ветување од Платежната агенција.
Викторија Јованова
