Вести Економија Најважни

Експерти: Последиците од воениот конфликт ќе ги почувствуваме за една недела

Да се формира кризен штаб кој на дневна основа ќе ја следи состојбата и врз основа на тоа ќе се креираат мерки. Експертската јавност повторно и сугерира на Владата дека треба веднаш да интервенира,  за да се ублажат последиците наметнати од воениот конфликт на Блискиот исток, кој  се продлабочува.

Неопходна е проактивна улога на државата се со цел да се интервенира дали преку акцизи, дали преку намалување на ДДВ дали преку одредени ограничувања за да се заштити колку што е можно стандардот на населението затоа што најголем дел од ефектите на кризите секогаш ги чувствуваат обичните граѓани, изјави Кирил Миновски, поранешен министер за финансии

Познавачите предупредуваат дека земјава последиците – економските и безбедносните допрва ќе ги почувствуваме.

Последиците ние ќе ги почувствуваме за недела дена, 10 дена од сега. Уште не сме виделе ништо од тоа, втората работа е економскиот шок и безбедносен шок во однос на отворањето на рутата на миграција, изјави Раби Седрак безбедносен аналитичар

Цената на нафтата на берзите  продолжува да расте.  Во одредени часови достигна и до 118 долари за барел – слична со онаа за време на стартот на конфликтот со Украина. Ваквиот скок на два пати ја вивна цената на горивата. Предупредувања има и за други поскапувања.

До сега стопанствениците и експертската јавност неколку пати посочија дека мерки треба веднаш. Други забележуваа дека и се доцни. Но, за сега од Владата дека активно се следи состојбата, најава за друго нема.

Во меѓувреме поголем дел од земјите во соседството уште минатата недела интервенираа. Од денеска пак во Словенија се ограничи точењето на гориво.

Освен кај нафтата сериозен скок има и кај цената на гасот. На брзите за струја пак цената за мегават надминува 150 евра.

Ирена Чачкова 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе