Вести Култура Македонија

Комеморација во спомен на Кирил Поп Христов

„Постојат актери кои влегуваат на сцена и постојат актери кои ја носат сцената со себе. Кили беше од вторите“, рече Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар..

Сепак, Кирил Поп Христов не беше само актер, тој беше јавна личност кој со својот непосреден дух и искреност, љубопитност, луцидност и бескромпромисен став ја обликуваше нашата културна и општествена сцена.  Смислата за хумор и непредвидливост секако беа негов белег, со овие зборови неговите пријатели и колеги деновиве се простуваат од него, паметејќи го како човек кој не се плашеше да говори отворено.

Неговата животна патека беше подеднакво немирна и слободна, како и неговиот сценски темперамент. Кили беше човек кој никогаш не престана да бара нови хоризонти. Можеби затоа и денес кога зборуваме за него чувството не е дека се збогуваме“, рече Никола Кимовски, директор на Македонскиот народен театар.

Кирил Поп Христов беше човек со кој не мораше секогаш да се согласиш, но мораше да го почитуваш, затоа што зад таа негова жестокост стоеше искрена љубов кон театарот,се сеќаваат неговите колеги.

„Можам да кажам дека Кили беше посебен, не само посебен туку меѓу посебните најпосебен. Со неговиот мултиталент, неговите способности на сцената, во музиката, во уметноста воопшто. Покрај неговите изиграни улоги, одлично изиграни улоги он знаеше да го чува и да го следи својот животен лик, ликот на Кили. Гордо и храбро го играше до крајот ликот на Кили“ истакна Даница Георгиевска, актерка во МНТ.

Но неговата спонтаност, непосредност  и енергија на различни настани и радио емисии со различни профили на гости се нешто што се памети.

„Музиката како што одеше, подлогата тој им ги раскажуваше на сите нивните песни. Знаеше на кое место кој инструмент свири, во исто време девојките ги воздигнуваше до небо и тоа беше тој убав дух на градот, тој вистински дух во етерот“, рече Ранко Петровиќ.

Беше човек кој кога ќе седнеше на пијаното, се претвораше во музичар од светските сцени на кои е достоен, забележа актерката Арна Шијак.

„Кили нам би ни рекол HASTA LA VISTA , BABY . А јас би ве замолила да му дадеме голем и достоинствен аплауз на нашиот Кили.  Слава му !“, порача актерката во МНТ Арна Шијак.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Не чувствувам морална одговорност, ако ситуацијата беше поинаква првата оставка ќе беше од мене – вели градоначалникот на Гостивар

Sonja Petrusevska

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во болницата и здравствениот дом во Гостивар

Kristina Kuzmanovski

Продавале небезбедни играчки и опасна козметика, ЕК ја казни АлиЕкспрес 550 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе