На денешната седница на Советот на Град Скопје, на која на дневен ред е Буџетот на градот. градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ја критукуваше партијата Левица. Тој пред советниците кажа дека политичката партија Левица е најголемо бандитско здружување во Скопје.
-Стојче Јовановски е лицето кое што неколку години наназад, систематски, еве ги доказите, го уништува јавното предпријатие ЈСП Скопје. ЈСП Скопје е уништувано од кадар на Левица. Исто како што и КИЦ беше уништуван. Вие сте најголемото зло што му се случило на градот изминативе 10 години. За разлика од вас, за разлика од Стојче ваш и од цела ваша група, нема да ви поминат овие инсинуации. И ако мислите дека некој ќе ве толерира да кажувате приказни, да ја замајувате јавноста на погрешна адреса сте, само тоа ќе ви го кажам. На погрешна адреса сте, изјави Ѓорѓиевски.
