Вести Економија

Mесец посветен на едукација, превенција и грижа за женското здравје во Клиника Жан Митрев

За женското здравје треба да се зборува отворено, одговорно и без стигма. Темите поврзани со телото, хормоните, репродуктивното и хормоналното здравје се суштински за квалитетот на животот на секоја жена.

Токму затоа во периодот од 8 март до 8 април, Клиника Жан Митрев ја спроведува кампањата „Здравје без стигма“, насочена кон подигнување на свеста и поттикнување јавен дијалог, опфаќајќи теми од разбирање на сопственото тело, преку репродуктивно и хормонално здравје, до долгорочна превенција, персонализирана грижа и одржување на здравјето низ сите животни фази.

Во центарот на кампањата се специјално креирани промотивни пакети за женско здравје, осмислени да понудат навремена поддршка, рана детекција и сеопфатен пристап кон здравјето на секоја жена. Пакетите се наменети како за жени кои сакаат да започнат со редовна превентивна грижа, така и за оние кои се наоѓаат во различни животни фази, од репродуктивниот период до перименопауза и менопауза и имаат потреба од стручна поддршка и темелна здравствена проценка на едно место. Тие опфаќаат комбинација од гинеколошки прегледи, цервикален скрининг и хормонални анализи, како и дијагностички и лабораториски испитувања за проценка на хормоналниот статус, коскената густина и кардиоваскуларното здравје, овозможувајќи интегриран пристап кон превенцијата, следењето и унапредувањето на женското здравје.

Едукативната компонента е исто така значаен дел од кампањата. Во текот на месецот, преку каналите на социјалните мрежи на Клиника Жан Митрев ќе се објавуваат едукативни содржини и стручни совети од лекари и специјалисти, посветени на подобро разбирање на женското тело, хормоналните промени, репродуктивното здравје и значењето на редовната превенција. На овој начин, кампањата има цел не само да поттикне преглед и навремена дијагностика, туку и да придонесе кон поголема информираност, самодоверба и отвореност во разговорот за теми што предолго биле занемарувани.

Дополнително, сите прегледи поврзани со женското здравје се достапни по промотивни цени во рамки на кампањата.

Деталните информации и цените за пакетите и прегледите се достапни на линкот.

Кампањата се реализира во годината кога Клиника Жан Митрев одбележува 26 години постоење, продолжувајќи ја традицијата на посветеност кон современа медицина, превенција и унапредување на здравјето на пациентите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп присуствуваше на пречекот на посмртните останки на американските војници убиени во војната со Иран

Igor Trajkov

Бугарија одобри американски авиони танкери на своја територија за операции на Блискиот Исток – Техеран веднаш ја предупреди Софија

Sasko Dimovski

Израел ќе прави обрач со канали за крокодили околу затворско крило со припадници на Хамас долги 170 метри

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе