Вести Економија Македонија Најважни

(видео)Контроли и во маркетите и кај дистрибутерите- пазарна не утврди дека се крие гориво за да се продава по повисока цена

Во контролите на пазарната инспекција не било утврдено дека се крие гориво за да се продава по повисока цена, се уште има инспектори на одредени места.

Најави и контроли и во маркетите, кај дистрибутерите и увозниците.

Една од мерките со кои може да се делува за да се ублажи скокот е да се намали ДДВ-то за увоз на енергенси.

Колку би се намалиле приходите во тој дел ако дојде до тоа од УЈП не располагаат со такви пресметки.

  • „Увидено е дека триесетина бензински пумпи, бензински станици ги истрошиле залихите, престанале со точење. И тоа по час два, можеби и четири часа. По ново танкирање, резервоарите продолжуваат со точење на гориво. Таква беше ситуацијата во овие три четири дена“, рече Влатко Стојковски директор на Пазарна инспекција.
  • „УЈП е оперативно извршен орган, значи сите, тоа се мерки, проценки кои што ги прави владата со ресорните министерства на крајот какви ќе бидат мерките изразени преку законски решенија или други акти ние треба само да ги спроведеме. Меѓутоа, значи прашањето не може да се адресира кон УЈП во тој дел. Тие активности ги работи Владата со ресорните министерства. Значи тие ги носат мерките на крајот ние само треба да ги спроведеме како извршен орган“, рече Елена Петрова, директорка на УЈП.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две лица загинаа во невремето во Албанија

Sasko Dimovski

Масовна тепачка на патници во авион за Ливерпул – капетанот бил принуден да се врати на Тенерифе

Sasko Dimovski

Хиперхлорирање на системот и тројно тестирање на водата во Гостивар, наложи Управувачкиот комитет

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе