Во последните две недели министерството за внатрешни поднесе 21-на кривична пријава за 25 кривични дела во врска со семејно насилство, од кои шест кривични пријави се поднесени по брза постапка.
Најголемиот дел од кривичните дела во врска со семејно насилство се загрозување на сигурноста и телесна повреда.
Покрај ова, на подрачјето на секторот за внатрешни работи скопје поднесени се пет кривични пријави за родово базирано насилство, од кои три се за загрозување на сигурноста, и две кривични пријави за демнење.
Изречени се пет мерки притвор, и една мерка претпазливост.
Од МВР информираат дека во текот на овие две недели, во Македонија се пријавени 39 настани со семејно насилство.
