Русија му дава клучни разузнувачки информации на Иран за напад врз американски цели на Блискиот Исток. Тоа е прв конкретен показател дека еден од главните американски ривали на светската сцена, барем индиректно, учествува во војната, потврдија тројца американски официјални претставници запознати со разузнувачките податоци за „Вашингтон Пост“.
Од самиот почеток на војната во саботата, Русија му проследува на Иран точни локации на американските воени ресурси, вклучително воени бродови и авиони, тврдат официјални претставници на САД кои говорат под анонимност.
Обемот на руска помош во моментот не е јасен во целост, особено што капацитетите на иранската армија за лоцирање на американските трупи се значително намалени во првите седум дена од борбите. Аналитичарите истакнуваат дека споделувањето на разузнавачки информации совршено се поклопува во образецот на руски напади кои ја таргетираат американската командна инфраструктура, радарските системи и привремените објекти.
„Иран врши многу прецизни удари на радарите за рано предупредување и радарите за долг домет. Го правато тоа многу точно, напаѓајќи ја командата и контролата“, изјави Дара Масикот експертка за руската војска од Карнеги фондацијата за меѓународен мир.
Со оглед дека Иран поседува само неколоку воени сателити, Масикот истакнува дека сателитските снимки што им ги дава напредната руска вселенска технологија имаат непроценлива вредност.
Стручњаците нагласуваат дека Иран сега успева да ја пробие американската воздушна одбрана пософистицирано од претходно. Тоа доведува до забрзано трошење на залихите на прецизно оружје и пресретнувачи на Пентагон, што предизвика загриженост кај генерал Ден Кејни, начелник на Здружениот штаб чии предупредувања наидоа на релативизирање кај администрацијата на Трамп.
Помошта на Русија за Иран во Вашингтон се гледа и низ призма на Украина.
„Русите итоа како се свесни за помошта што ја даваме на Украинците. Мислам дека се многу среќни што можат да го возвратат ударот“, рече еден американски официјален претставник.
