Вести Македонија Топ вести

Почина 10-годишно момче од Тетово по пад од тераса- телото е предадено на обдукција

Трагичен настан утринава го потресе Тетово. Десетгодишно дете го загуби животот по пад од зградата. Биле правени напорите на лекарите во тетовската Клиничка болница да го вратат во живот, но повредите на главата биле претешки. Полицијата изврши увид, а по наредба на јавен обвинител, телото е дадено на обдукција за да се утврдат точните причини за оваа несреќа.

Трагите од крв сведочеа денеска за трагичнот настан во Тетово, во кој животот го загуби 10-годишнo дете утринава околу 9 часот во близина на булеварот „Видео Смилевски-Бато“. Според првичниот увид на полицијата, детето починало поради паѓање од балкон од зградата во кое живеело.

„Според пријавеното, детето кое било со здравствени проблеми паднало од тераса од станот во кој живеело во Тетово, а родителите за настанот биле известени од сосед, по што го однеле во болница“, информираат од СВР Тетово.

Од Клиничка болница Тетово информираа дека кога е примено детето, забележани се очигледни повреди кои сигнализирале дека има фрактура на челната коска.

„Правевме и анимација на срцето, но, за жал, сето тоа беше безуспешно, бидејќи повредите беа многу тешки“, истакнаа од одделението за максилофацијална хирургија при Клиничката болница во Тетово.

Откако е констатирана смртта, по наредба на јавен обвинител, телото на детото било дадено на обдукција.

Александар Самарџиев

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ребаланс на буџетот: Дефицит над 750 милиони евра

Kristina Kuzmanovski

Нов ценовен шок: Дизелот до 98,5 денари, Владата најавува можна интервенција

Kristina Kuzmanovski

Штрајкот во Грција ја блокира Богородица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе